ММС

Објавено на: 12/5/19 7:03 AM

Време: Денеска до 8, од утре затоплување, а за викендот и до 17 степени

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. По одделни котлини магливо. Попладне облачноста ќе се намали. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. Најниските утринска температура треба да достигне до минус седум, а највисоката дневна од осум се очекува да биде измерена во Дојран и во Гевгелија. Во Охрид – шест, Скопје – пет, Штип и Битола – четири…

За утре се прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и преку ноќта во запдните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура треба да се движи од минус шест до плус еден степен, а максималната дневна треба да достигне до 12 степени. За викендот се очекуваат и повисоки температури – в сабота до 14, а в недела до 17 степени, а времето треба да биде промелнливо облачно со сончеви периоди, а само в сабота на некои места во западниот дел на Македонија треба да има повремени локанлни врнежи од дождд. Во пораст ќе биде и утринската температура.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1