– ММС
Вести Македонија

Волонтирањето не значи обезбедување на работно место, туку остварување на граѓанството во општеството (видео)

Волонтерството  во  суштина  е  остварување  на  граѓанството во општеството.Токму  затоа граѓанските организации се тие кои што играат голема улога во организирањето на волонтерите ,во нивното привлекување и усмерување, а како крајна цел,трудот што го вложува волонтерот да оди на вистинско место.Затоа многу е битно кога се зборува за волонтеризмот да се прави разлика меѓу тоа, што е волонтирање и што е тоа работно место, смета Виктор Мирчевски програмски раководител на КОНЕКТ кој денес беше дел од дискусијата  „Како граѓанските организации да го поттикнат волонтирањето?“, што се одржа во Граѓанскиот Ресурсен Центар  во Мулитимедијалниот ценатр на Канал 77 во Штип.

,,Во никој случај не може волонтерството да биде замена за вработување и тоа јасно го кажува законот.Тоа е пораката која што сите мораме да си ја сфатиме сериозно“, вели Мирчевски

Тој смета дека законот се применува но многу е битно понатаму и да се потикнува и развива и волонтеризмот да стане вредност.Можноста за волонтеризмот е многу битна за волонтерот затоа што тоа е начин на кој што тој се остварува како личност

,,Тао е начин на кој што може вашите способности да ги дадете за нешто што ви е при срце,да направите нешто на заедницата  а за младите унапредување и создавање на работни вештини“, додава Мирчевски

Законот за волонтеризам предвидува одреден волонтерски надоместок , но ако така си се договорат  организаторот на волонтерската работа и волонтерот. Тоа е всушност покривање на одредени трошоци за да може да се реализира волонтирирањето.

Според  Маја Ангеловска, програмски менаџер во Младинскиот културен центар во Битола, младите се тие кои што треба да го препознаваат  оваа право за волонтеризам,  како алатка и како вредност. .

,,Тоа е можнсот  да сеизградат како личност, да се стекнат како личности, да стекнат нови пријателства, да го изградат тој нивен социјален капитал и да стекнат искуство, зошто секое искуство е добредојдено кога си млади секое искуство се наоѓа понатаму во животот.не смееме да дозволиме да не ја искористиме оваа алатка затоа што навистина значи многу и за заедницата и за самата личност која се вклучува во волонтерската работа“.

Граѓански ресурсен центар е проект финансиран од Европската унија кој го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Лограње

X

Регистрација