– ММС
Вести Македонија

Првиот човек на НАТО не сакаше да го коментира потегот на ЕУ за Македонија

На попладневната прес конференција во Лондон, на вториот ден од Самитот на НАТО,  Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, беше прашан да одговори како тоа Северна Македонија е добра за НАТО, но не и Европската унија. Столтенберг се огради од политиките на ЕУ.

-Северна Македонија и премиерот Зоран Заев имаа топло добредојде на денешната средба. Очекувам Северна Македонија да стане 30-та земја членка.Ова покажува дека вратата на НАТО е отворена. Ние силно веруваме дека членството во НАТО ќе биде добро за Северна Македонија, но и за регионот. Тоа покажува дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати.  Не е моја работа да го коментирам проширувањето на ЕУ. Јас сум одговорен за НАТО и според тоа нема да влегувам во дискусии за ЕУ, беше одговорот на генералниот секретар на НАТО.

Лограње

X

Регистрација