– ММС
Вести Македонија

Телма: Основец од „Кочо Рацин“ сексуално злоставувал соученик

Тинејџер од основното училиште „Кочо Рацин“ сексуално злоставил соученик надвор од училишниот круг, а друг малолетник од истото училиште нападнал врсник, го давел за на крај жртвата да заврши во болница. Двата инциденти не се поврзани меѓусебе но родителите се вознемирени и бараат директорот на училиштето и надлежните да превземат конкретни мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на нивните деца,објави Телма

Првиот инцидент се случил на 30 октомври, кога ученик од повисоките класови пресретнал соученик во парк во населбата Капиштец, далеку од училиштето, и се обидел да изврши полов напад. Поради овој инцидент бил свикан вонреден состанок на советот на родители и бил инфромиран директорот.

Од МВР потврдуваат дека случајот е регистриран кај нив, но додаваат дека е со огромно задоцнување.

,,На 26 ноември директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ пријавил дека има сознанија за извршени полови дејства од еден ученик врз друг ученик кои се случиле на 30 октомври. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР

Директорот на училиштето со денови ниту одговара на телефонските повици ниту на испратените пораки. Останува нејасно кога тој бил информиоран од редителите за немилиот настан и без објаснување зошто е пријавено дури минатиот четврток.

Во вториот случај пак, внатре во училиштето еден ученик напданал друг и почнал неконтролирано да го дави.

Од просветниот инспекторат соопштија дека за овој инцидент од училиштетот биле известени но дури вчера и дека денес ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор. Оттаму нагласија дека за случајот со сексуалното злоставување надлежно е МВР

Од канцеларијата на народниот правобранител велат дека стручните служби во училиштето но и во државата веднаш мора да се вклучат и да работата со двете жртви за полесно да ги надминат траумите од настаните.

Според Конвенцијата за правата на детето, најдобриот интерес на детето и заштита од секаков вид на насилство е обврска на органот на државата или институцијата која ја има грижата врз детето без разлика дали се случило во училиште, или при преглед во медицинска установа.

Телма.мк

Лограње

X

Регистрација