– ММС
Вести Македонија

Рускоска: Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, имаше една госпоѓа Катица Јанева која влезе  во тој филм мислејќи дека никој ништо не и може

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска е задоволна од првото рочиште за случајот „Рекет“ со оглед на тоа што воопшто почнало, бидејќи судењето доцнеше не цел час.

По завршување на рочиштето за предметот „Рекет“, обвинителката Рускоска рече дека очекувала признаение не само од Зоран Милески Кичеец туку и од другите обвинети во овој случај. Во нејзиното воведно обраќање на почетокот од судењето обвинителката со остри зборови им се обрати на обвинетите, велејќи го следното.

„Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, имаше една госпоѓа Катица Јанева која влезе  во тој филм мислејќи дека никој ништо не и може. Но влезе во мрежата на самонаречената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже дека тоа го сторила од алчност и затоа ќе презентираме со докази, со тоа не се посрамоти само себе си и не ја злоупотреби само функцијата специјален јавен обвинител, туку ја предаде довербата на народот“, рече Рускоска во изјава за медиумите.

Второосомничениот Бојан Јовановски во своите воведни зборови рече дека обвинителката Рускоска седела со него во ист ресторан, Рускоска го демантираше Јовановски со штпо рече дека се познава  со неговата мајка бидејќи биле иста генерација.

„Не, тоа не е точно. Јас се познавам со неговата мајка со која сме генерација, и се познаваме уште од прво одделение. Јас прв пат Боки го запознав кога прв пат гостував на таа телевизија, а во ресторан сум била со него само кога беше прославата на 1ТВ и толку е од нашите седења и дружења по ресторани, се она што го кажа другото е комплетна невисина“, рече обвинителката.

На новинарско прашање дали таа ги видела видео снимките од безбедносната камера од домот на Јовановски  на која се гледа каде завршиле парите,како што рече Јовановски во своите воведни зборови, обвинителката рече дека не се сеќава длаи завршило вештачењето на тие докази но рече дека тоа ќе биде добро и за обвинителството да се знае каде завршиле парите.

На прашањето зошто таа го употребила зборот „самопрогласена ѕвезда“ во воведните зборови на рочиштето, Рускоска рече дека тој самиот себеси се викал ѕвезда.

„Воведните зборови се најава на она што ќе се докажува во текот на главната расправа, доказите кои ќе ги презентира обвинителството ќе докажат дека ги сторил кривичните дела кои му се ставаат на товар. А воведните зборови се само најава за тоа што ќе се случува“, изјави Рускоска.

Во воведните зборови обвинителката Катица Јанева им порача на судиите да не се плашат на заканите од Вилма Рускоска дека „ќе ги истресе од гаќи“, Рускоска рече дека Катица Јанева моментално не е во ситуација на некој да порача да се плаши или не.

„Чарлиевите ангели“ е филмот во кој ангелите на крајот секогаш победуваат, дали ќе биде така и во овој случај беше прашана обвинителката и дали таа го гледала филмот,  рече дека направила аналогија на тој филм, но не ја гледала македонската верзија од документарецот што тие си ја снимија за себе и токму затоа таа почнала со „Чарлиевите ангели“ мислејќи на документарецот, појасни Рускоска.

Лограње

X

Регистрација