– ММС
Забава

Оригинално: Очила за сонце направени од талог од кафе

Звучи невозможно, но очила за сонце направени од талогот од кафе сега се реалност кој ги дизајнирал украинскиот бренд OCHIS.

Идејата за уникатен тип очила потекнува од извршниот директор на OCHIS, Кофи Максим Хавриленко, кој експериментирал со разни билки како што се нане, магдонос и кардамон, за на крајот да го открие идеалниот природен материјал во талогот од кафе.

Покрај тоа, овие еколошки наочари со модерен дизајн и мирисаат на кафе.

Зелената индустрија талогот од кафе го користи за производство на мебел, чаши, бои и биогорива, но Хавриленко е пионер во производството на очила за сонце направени од овој материјал.

“Пред се, кафето е црна боја, така што, имате најчесто класична боја на очила за сонце што одговара на сите комбинации на облека. Потоа, во светот постојат милиони тони талог црно кафе кој може да се искористи во производство”, изјави Хавриленко за агенцијата Reuters.

Еколошките очила за сонце на украинскиот бренд се изработени од кафе и лен, а залепени се со природни растителни полимери па се во предност бидејки се биоразградливи и после 10 години можат да се користат како ѓубриво.

Стаклата не се биоразградливи, но можат целосно да се рециклираат, изјави Хавриленко.

„Наша цел е да промовираме очила во Украина и во светот, пред се заради идејата за потребата од производство на органски производи, но и заради можноста за правилно отстранување на отпадот“, истакна Хавриленко.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација