– ММС
Забава

Скорсезе ги замоли гледачите да не го гледаат неговиот нов филм на мобилен телефон

Режисерот Мартин Скорсезе ги замоли гледачите да не го гледаат неговиот нов филм „Ирецот“ на мобилни телефони.

Три и полчасовниот крими еп на Скорсезе, во кој глумат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши, е снимен во продукција на стриминг сервисот на „Нетфликс“, така што, покрај неколкуте избрани киносали во САД, тој е достапен за светската публика преку таа интернет-платформа.

Скорсезе, пак, апелира дека опцијата не треба да се користи за гледање на „Ирецот“ на мобилни телефони, пренесува NME.

„Би ви предложил, ако некогаш сакате да гледате некои од моите филмови, или повеќето филмови воопшто, ве молам да не ги гледате на телефон“, рече Скорсезе.

Иако е свесен за времетраењето на неговиот нов филм, славниот режисер би сакал луѓето да го гледаат одеднаш, по можност во кино.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација