ММС

Објавено на: 12/3/19 2:15 PM

Јанева не се чувствува виновна ниту се плаши од „тресење на гаќи”

Не се чувстувам за виновна и Jавното обвинителство нема докази да докаже дека сум виновна, рече екс јавната обвинителка Катица Јанева во нејзините воведни зборови. Таа рече дека е горда на нејзиниот тим на СЈО кој го водела 4 години. Таа рече дека сеуште оди со крената глава и секој може да погледне во очи. И порача дека се надева дека не се плашат од јавната обвинителка и нејзините закани “за тресење на гаќи”.

-Се надевам дека сите предмети ќе завршат со пресуди. Работев законски и професионално. Не го прекршив законот. Јас како екс шеф на СЈО во изминатите 4 години се изложив на ризик. Се’ уште одам со крената глава бидејќи придонесов многу во борбата против криминалот. Очекувам судот да ме ослободи од обвинение, рече Јанева.

Одбраната на Јанева, Фрчковска и Кадиев ги кажаа воведните зборови. Адвокатите рекоа дека Катица Јанева е невина и дека таа е злоупотребена и ставена во контекст. Тие како адвокати ќе докажат дека таа не ги пречекорила законските овластувања и стекнувањето на мебелот не може да биде доказ.

Пред Јанева по обвинението се произнесе првобовниетиот Бојан Јовановски.

-Јас живеев за моментот кога ќе дојде време јас да зборувам, започнаа воведните зборови на Бојан Јовановски, првоосомничен во случајот Рекет. Тој рече дека доволна сензација било споменувањето на неговото име. За случајот, рече дека бил несреќно наречен Рекет. Бил ставен на јавен линч тој и неговото семејство, загрозен бил животот на неговото семејство и за овој случај се водат политички битки, кои на плеќите ги носел тој. Притворот му ја влошила здравствената состојба, рече Јовановски по две не успешни операции направени во болницата на сведокот, Јордан Камчев. За воведните зборови на Русковска, Јовановски рече дека бил брутален, бидејки го искористила зборот “самонаречена естрадна ѕвезда”.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски во воведните зборови кажа дека обвинението е незаконско и неосновано, доказите се неосновани со непоткрепени факти.

Следното рочиште е закажано за шести овој месец.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1