– ММС
Вести Македонија

Во судницата лекар го прегледува Бојан Јовановски

Продолжува судењето за „Рекет“ по 20 минутната пауза дадена од судијката Васка Николовска Масевск. Доктор од Итната медицинска помош утврди дека Бојан Јовановски свесно може да го следи судењето. Крвниот притисок изнесува 140 со 100, вртоглавица нема, а Јовановски се жалел на болки во абдоменот. Од медицинската екипа на итната помош, изјавија во судницата дека Јовановски примил дијазепам и ова е реакција на стрес. Врз основа на ова судијката одлучи да продолжи судењето за случајот Рекет.
На почетокот на денешното судење за „Рекет“ на прашање на судијката Васка Николовска Масевска како се чувстува Бојан Јовановски, тој рече дека не се чувстува добро, утрово ги имал вообичаените симптоми поради операцијата, повраќање и вртоглавица. Јовановски рече дека имал утрово околу 10 повраќање, а за новата дијагноза поставена од општата болница ГОБ „8 ми септември“ нема соодветна терапија. Затворскиот доктор му рекол не е во свесна и рационална состојба да го следи судењето, но тој иницирал да биде присутен. Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски рече дека е подготвен за судењето, но не сака да се добие впечаток дека сакаат да го одолговлекува случајот, но повтори судот да одлучи дали ќе продолжи судењето бидејќи Јовановски не се чувстува добро. Дуковски рече дека не е точно дека Јовановски примал терапија како што стоело во медицинското известување од ГОБ “8 ми септември“, дека тој примал таблетарна терапија. На ова обвинителката Вилма Русковска рече дека лекарите од „8 ми септември“ потврдителе дека здравствената состојба на Јовановски е добра, не би си ја ризикувале работата за да дадат таков извештај ако тоа не е така и Русковска рече дека тврди е така и смета дека само сакаат да го одолговлечат судењето. На судијката Николовска Масевска, рече дека медицинската екипа која е пред судот ќе му изврши преглед на Јовановски и даде 20 минути пауза, а потоа ќе знаат дали ќе продолжат со судењето.
Пред 11 часот со нецел час доцнење, започна првото рочиште за случајот “Рекет”. Првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски со доцнење беше спроведен од затворот Шутка во судницата. Причината за неговото доцнење е лекарски преглед, по налог на судијката. Второосомничената екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева со полициска придружба беше спроведена од домашен притвор. Во придружбата беше и нејзиниот син. Третоосомничениот Зоран Милески Кичеец исто така навремено беше спроведен во Кривичниот суд. Присутна на судењето и обвинителката Вилма Русковска. Обвинетите се во придружба на адвокатите. Судењето беше закажано да започне во 10 часот.

Лограње

X

Регистрација