– ММС
Вести Македонија

Наложен преглед за Бојан Јовановски го одложи почетокот на судењето за „Рекет“

Со задоцнување од речиси еден час пред десетина минути започна судењето за случајот „Рекет“. Првообвинтетиот Бојан Јовановски пред малку беше донесен од истражниот затвор Шутка, што го одложи судењето. Според директорот на затворот Есад Рахиќ, Јовановски е задржан поради налогот од судот за медицински преглед и утврдување дали е во состојба да присуствува на денешното судење. По завршувањето на лекарскиот извештај, Јовановски е однесен во Кривичниот суд. Таму пред 10 часот во полициска придружба беа донесени од куќен притвор и Катица Јанева и Зоран милевски – Кичеец.

Лограње

X

Регистрација