– ММС
Вести Македонија

(ФОТО) Катица Јанева донесена на судењето за „Рекет“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во полициска придружба беше донесена од домашен притвор во Кривичниот суд во Скопје, каде почнува судењето за случајот „Рекет“. Со Јанева се нејзините адвокати и нејзиниот син.


Покрај Јанева на судењето од домашен притвор е донесен и Зоран Милевски – Кичеец, а се очекува и доаѓањето од Шутка на првообвинетиот Бојан Јовановски.
За судењето владее огромен интерес. Пред Кривичниот суд присутни се бројни новинарски екипи. Наш новинар е на судењето, кој ќе че информира за текот на процесот.

Лограње

X

Регистрација