– ММС
Вести Македонија

Објавени резултатите од ПИСА тестот – Македонија со минимален скок

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од ПИСА тестот за проверка на знаењата и вештини на учениците од 79 земји во светот, попознат како ПИСА. На тестовите се проценувани знаењата на 15 годишни ученици за наука, математика и писменост.

Македонските ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земи со оценка 393 од читање, 394 од математика и 413 од наука.На тестирањето во 2015-та, Македонија беше меѓу последните четири земји, што значи дека со овој резултат има извесен напредок. Највисоко рангирани и оваа година се азиските земји  и на првите три места се Кина, Сингапур и Макао. Највисоко рангираните кинески ученици имаат резултат 555 за читање, 591 за математика и 590 за наука. Од европските земји, највисоко е рангирана Естонија, која се најде на петтото место. Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 21 место, Хрватска, 29-та, Грција на 42-то место, 44-та е Србија, додека Романија 46-та. Пред Македонија се Бугарија, Албанија и Босна иХецеговина. По Македонија на ранг листата на ПИСА тестот од земјите од регионот е само Косово.

ПИСА тестот за прв пат беше спроведен во 2000-та година. Првично пречекана со недоверба од страна на националните носители на одлуки, ПИСА стана неопходен барометар за владите да ги оправда своите избори кога станува збор за образовните политики.

Лограње

X

Регистрација