– ММС
Спорт

Хамилтон веќе е пилот на Ферари, се шегува Фетел

Маранело, 2 декември 2019 (МИА) – Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел се шегува дека Луис Хамилтон веќе е пилот на Ферари бидејќи поседува многу автомобили на „Црните коњчиња“.

За време на последната трка во Формула 1 во Абу Даби се појавија шпекулации дека Ферари веќе преговара со Хамилтон за сезоната 2021 година.

Самиот Британец не ги негираше вестите, а шефот на Мерцедес коментираше дека нема да му застане на патот на Луис, доколку сака да замине во „Скудерија“.

– Мислам дека тој веќе е пилот на Ферари, така што нема да има промени. Мислам дека тој е добар клиент и поседува повеќе од еден Ферари, сподели Себ.

За Германецот се зборува дека е пред пензионирање поради разочарувачката сезона во 2019 година, во која Фетел само вторпат заврши во кариерата зад својот тимски колега. Пилотот на Скудерија, сепак, ги отфрли овие шпекулации и рече дека ќе се справи подобро следната година.

Лограње

X

Регистрација