– ММС
Забава

Време е да почнете да консумирате цимет, бидејќи има многу придобивки

Циметот е зачин кој се користи на речиси сите полиња, а зошто да не, кога е одличен додаток во оброците, а го регулира и нивото на крвниот притисок.

Само неколку вкусови се така заводливи и воедно и топли како што е циметот, зачин направен од миризлива кора на дрвото со исто име.

Доволно е да додадете половина лажичка цимет кога правите колачи и други слатки, па за неколку минути ќе го подигне расположението и ќе го отворите апетитот.

Еден од најчесто користените зачини е достапен скоро во секоја земја во светот, а со својот вкус и арома ќе ве однесе на патување низ источниот дел на Медитеранот, Африка, Кина, Индија. Одличен е додаток на чорби, јадења со ориз, кари…

Но, циметот се користи и на северот на Европа, токму како додаток на колачи, во разни топли пијалаци или како специјална состојка за пудинг.

Сепак, заводливата арома и вкусот не се единствените придобивки од цимет. Овој зачин има и незанемарливо влијание врз нашето здравје.

Студијата спроведена на Универзитетот во Торонто откри дека консумирањето цимет може значително да го намали високиот крвен притисок, особено кај луѓето кои се изложени на ризик од дијабетес или имаат дијабетес тип 2. Циметот го регулира и нивото на шекер во крвта, со што се подобруваат позитивните ефекти на инсулинот.

Овој зачин исто така уништува и бактерии кои предизвикуваат заболувања на непцата, а во Шри Ланка дури користат стапчиња цимет наместо чепкалка за заби за да ги зачуваат непцата и забите.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација