– ММС
Uncategorized Вести Македонија

Штипската клиника со ново кардиолошко одделение

Комплетно реновиран одделот за кардиологија. Нови и функционални апарати и подобри услови за пациентите во штипската клиничка болница. Иако одделот постои од 2017 година, новото одделение стана функционално последниве неколку месеци, со помош на донации и фондот од самата клиничка болница.

Според  доктор Сашко Николов, штипското одделение сега е на ниво на клиника за кардиологија и спремно е да ги прифати пациентите од истокот. Обемот на работа ќе биде зголемен откако ќе добијат повеќе материјали за работа.
„Во 2020 ќе биде зголемен бројот на процедури, ќе бидат воведени нови процедури за отварање на крвни садови на раце, нозе, срце, а имавме и интервенции за отварање на цревна артерија. Така , жителите на источниот регион кардиоваскуларно ќе бидат покриени од оваа клиничка болница“, рече Николов.

Одделението е комплетно реновирано, почнувајќи од подот па се до кровот бидејќи се наоѓа на поткровје.
„Реновирано е комплетно се, од инсталацијата во собите, обелување, ставање посебни прегради во собите за секој пациент да има интима. Комплетно се реновирани тоалетите и бањата која предходно беше нефункционална. Сега пациентите не само што ќе можат да лежат неколку дена туку ќе можат да добиваат соодветна хигиена“, изјави Николов.

Одделението е опремено за високо мониторирање на сите кардиолошки пациенти  и е спремено да  ги третира и хоспитализира пациентите, наместо да бидат праќани во Скопје. Месечно сега се прават по околу 50 стентови.

Новото одделение денеска го посети и штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Лограње

X

Регистрација