– ММС
Вести Свет

Седница на ЦК СКЈ во Бања Лука: Словенците вчера пак ја „минирале“ Југославија

Мислите ли дека Сојузот на комунистите е мртов? Се лежете. Оваа политичка партија постои. Вчера Сојузот на комунистите на БиХ во Бања Лука бил домаќин на „Централниот комитет“ на комуистичките партии на Југославија, пренесува „Блиц“.

„Добро, не би го нарекол ова централен комитет. Ова е состанок на Координативното тело на комунистичките и работничките партии од сите републики на поранешна Југославија. Дојдоа другарите од Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и нашите од БиХ. Значи, беа сите освен Словенците. Не знам што е со нив“, вели Мирко Раца, претседател на Сојузот на комунистите на БиХ.

Во салата – Титови бисти и слики, петокраки, црвени и југословенски знамиња… Седницата била отворена за јавноста, но од медиумите била присутна само „Српскаинфо“. По состанокот на ЦК, сите заминале на скромен ручек – на ќебапи во гостилницата „Кај Мујо“.

Лограње

X

Регистрација