ММС

Српските седмоодделенци од учебник учат дека во турско се исплатело да се биде јаничар

Да сугерираш дека деца кои биле одземани од родителите како данок во крв имале можност а напредуваат во османлиската хиерархија ако си ја сменат верата и прејдат во ислам, е недопустливо. Колку деца-јаничари напредувале? Еден беше Мехмед-паша Соколовиќ, а илјадници од нив завршија како пешадија и топовско месо во Османлиското царство. Ако таквите вредности се пренесуваат на историски периоди, тоа би значело дека така треба да се однесуваме и кога ќе дојдат други окупатори.

Вака историчари ја коментираат содржината на една лекција во учебникот за седмо одделение во српските училишта, пишуваат српски медиуми.

Учебникот е издаден од БИГЗ, а во него на учениците им се давала задача – „наведете ги позитивните и негативните страни на данокот во крв“.

Историчарот Милош Ковиќ вели дека данокот во крв бил еден од најстрашните видови на угнетување во Отоманското царство.