– ММС
Вести Македонија

Бојан Јовановски од вчера е повторно во Шутка

Првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски од вчера околу пладне е вратен во истражниот затвор Шутка, по неколкуте дена поминати на испитување во  болницата ГОБ „8-ми Септември“, потврди за Канал 77 директорот на  затворот Есад Рахиќ. Заедно со Јовановски од болницата е доставена и медицинска документација за здравствената состојба на притвореникот.

Сепак, дали јовановски ќе остане во притвор до судењето кое почнува утре, ќе се знае по заседанието на Апелацискиот суд. За денеска беше најавено заседавање на Судот, кој треба да го разгледа барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор. Неизвесно е дали воопшто ќе заседаваат апелациските судии,  бидејќи дел од членовите на советот за денеска имат обврски со други судења.

Утре во Кривичниот суд почнува судењето за „Рекет“. Освен Јовановски, обвинети во случајот се  Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, кои се во домашен притвор.

 

Лограње

X

Регистрација