– ММС
Вести Македонија

Пеплосаниот Туарег со кој побегнаа напаѓачите од „Александар Палас“, бил украден уште во март

По вооружената престрелка во хотелот „Александар Палас“, Министерството за внатрешни работи, потврди дека е извршен претрес во куќа на лице од Скопје. Се врши вештачење на возилото „Фолксваген Туарег“, кој е пронајдено во близина на Арачиново.

Во веќе запалениот автомобил биле пронајдени и две автоматски пушки – Калашников, кои биле оставени пред Арачиново. МВР соопшти дека инцидентот се случил додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три маскирани лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол 11 куршуми кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

Во меѓувреме, весникот Коха дознава дека возилото  било украдено во Скопје во март, а последен пат бил управувано од Арачиново во саботата навечер, за на крај да заврши во Арачиново, но овој пат запалено. Табличките исто така биле украдени од друг автомобил, а како што објаснуваат извори на весникот, акцијата во саботата вечерта секако била планирана порано, бидејќи и двете групи – оние што ловеле и оние што престојувале во ресторанот на хотелот, се познати на полицијата.

Еден автомобил од марката Фиат бил оштетен на паркингот пред хотелот „Александар Палас“. Инаку, весникот Коха известува дека скоро сите инволвирани, од двете групи, се Албанци, претежно од Скопје.

Лограње

X

Регистрација