– ММС
Вести Свет

Странци по три, четири и пет пати бараат азил во Германија

Илјадници странци кои побарале азил во Германија и биле одбиени пред да ја напуштат земјата, подоцна се вратиле пак, за повторно да аплицираат, покажуваат податоците на германската влада. Стотици од нив се обиделе и по повеќе од пет пати.

Случајот со мигрантите, кои се враќаат и покрај сите напори на владата да се ослободи од нив, е актуелен во моментов во Германија. Минатата недела, судот нареди протерување на Ибрахим Мири, криминален лидер со либанско потекло, кој побара азил во Германија и покрај тоа што бил депортиран само неколку месеци порано. Откако слета во Бејрут, Мири вети дека пак ќе се врати во Германија и ќе се обиде по трет пат.

Бројките на владата покажуваат дека во моментов има 28.243 лица кои бараат азил во Германија и покрај тоа што ја напуштиле земјата барем еднаш -доброволно или како дел од процесот на депортација. Оваа година, 3.224 повратници повторно поднеле барање за азил.

Во оваа бројка не е вклучен и споменатиот Мири, кој дошол со своите родители како 13-годишник уште пред 2012 година.Од над 28.000 повратници, 4.916 аплицираа за азил по трет пат и 1.023 по четврти пат. Направени се пет или повеќе обиди од 294 баратели.

Податоците од „Велт ам Сонтаг“, неделното издание на дневниот весник „Die Welt“, ги објави федералната влада како одговор на барањето на Мартин Сикхерт, претседател на германската гранка на партијата кој се декларира против мигрантите, Алтернатива за Германија (АфД). Владата не детализира колку од повратниците биле депортирани во изминатите години, недоброволно, со депортација.

Федералниот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер, кој истовремено е и водач на Христијанско – социјалната унија во Баварија (ЦСУ), рече дека луѓето што ја кршат забраната за повторно влегување како Мири, треба да бидат задржани во притвор додека нивните случаи се преиспитуваат. Во моментот, германскиот закон дозволува притвор неколку месеци во вакви случаи, но, таа мерка ретко се користи.

Лограње

X

Регистрација