– ММС
Вести Ракомет Спорт

Еурофарм Работник го победи Бидасоа Ирун 25:23 (14:15)

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Битола го совладаа лидерот во групата “Ц” од Лига на шампионите, тимот на Бидасоа Ирун со 25:23.

Битолчани го надиграа фаворитот од Шпанија и на најдобар можен начин го завршија премиерниот настап во лигата на шампионите. Предводени од голгетерот Остроушко кој постигна 8 голови и одличниот чувар на мрежата Градимир Чаневски, битолските фармацевти ја израдуваа неколку илјадната публика во спортската сала “Боро Чурлевски”.

-Игравме одлично во најтешкиот натпревар и со најсилниот тим. Натпреварите ги завршуваме со искуство повеќе и со победа. Можевме да освоиме некој бод повеќе но важно е што со најголем дел ид противниците бевме рамноправни, а во три средби и победивме, изјави најдобриот поединец на средбата, голманот на Еурофарм Работник, Чаневски.

МИА

Лограње

X

Регистрација