– ММС
Вести Македонија

Побаран притвор за негователката осомничена за тепање деца

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од 1 до 27 ноември, осомничената ангажирана за негување и чување на две деца на возраст од три години, грубо ја запоставувала својата должност за грижа и воспитување и ги малтретирала. Имено, таа постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата.
Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата, по што поднела кривична пријава.
Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, да влијае врз сведоци чии искази се битни за утврдување на фактичката состојба или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор.

Лограње

X

Регистрација