– ММС
Вести Забава Македонија

Вечерва „Гитаријада“ во Куманово

Во Занаетчискиот дом во Куманово денска со почеток во 18:30 часот ќе започне фестивалот на гитарата „Гитаријада 2019“, во организација на „Art Attack“.
Ќе настапат: „Wardencliffe“ од Куманово, „Misantrope“ од Битола, „Cursed Heart“ од Куманово, „Inner Hate“ и „Halfgod“ од Кичево, „Zima Blue“ од Велес, „Fiction“ и „Ruststained“ од Скопје и „Rubin“ од Куманово.
Чест да го отворат овој настан ќе им припадне на ку-рок ветераните кои специјално за оваа вечер ќе ги возобноват нивните бендови: Лектира, Ека Ника, Илинден, Берлински зид, Тумба…
Како што велат организаторите, ова е настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук.
Првата гитаријада сепак била одржана пред 52 години
На 5ти ноември 1967 година во просториите на Друштвото за телесно воспитување „Партизан“во Куманово се одржала првата Гитаријада на вокално-инструментални состави од градот.
Во преполната сала имало над 1.000 младинки имладинци, а настапиле „Ред Росес“, „Глечери“, „Немирни“ и „Крвави дечаци“.
Настапот на ансамблите го следела специјална жири комисија која диделила и единствена награда за најдобар вокално-инструментален состав. Во еден несекоједневен амбиент, во кој се играло и пеело, младите не можее да се контролираат, настапиле ансамблите, со желба да бидат најдобри, со желба манифестацијата да ја доживее својата кулминација.
Како резултат на сето тоа владеела атмосфера, како да настапувале популарните „Битлси“.
Жири комисијата во една таква атмосфера едногласно со 105,5 поени за најдобар состав ги проласила младинците од составот „Ред росес“ на кои им била доделена награда во износ од тогашни 15.000 старидинари. На останатите за учеството им биле доделени по 5.000 стари динари.
Жири комисијата едногласно се согласила, за најдобар интерпретарот на бит музиката да ја прогласи младинката Мира Антовска, член на „Ред Росес’ за интерпретација на мелодијата „Опрости“.
Некогаш популарната манифестација со години не се одржува во Куманово. Годинава повторно ќе се врати на големи врата. Утре во Занаетичскиот токму со оваа музичка манифестација ќе заврши одбележувањето на 500-годишниот јубилеј на Куманово.

Лограње

X

Регистрација