– ММС
Спорт

Конор Мек Грегор против Доналд „Каубој“ Серон во УФЦ

Тој последен пат влезе во октагонот на 6. октомври минатата година, кога претрпе пораз од Хабиб Нурмагомедов.

Оттогаш, Ирецот направи неколку скандали, а многумина веруваа дека повеќе нема да се бори. Сепак, претседателот на УФЦ, Дан Вајт откри дека веќе е закажана неговата наредна борба.

Вајт порача дека Мекгрегор веќе го потпишал својот договор и ќе се бори на 18. јануари во Лас Вегас, каде за противник ќе го има Доналд „Каубој“ Серон. Триесет и шест годишниот Серон го држи рекордот по број на победи (23) и прекини (16) во УФЦ, но беше поразен во неговата последна борба, кога загуби од Џастин Гаети.

Лограње

X

Регистрација