ММС

Објавено на: 11/29/19 7:44 AM

Германија нуди награда од половина милион евра за информација за грабежот во Дрезден

Потрагата по колекцијата вредна околу една милијарда евра што во понеделникот рано наутро беше украдена од Музејот во Дрезден ги мобилизира сите надлежни органи во Германија, а германските власти нудат награда од 500.000 евра за информации поврзани со „грабежот на векот“.

Полицијата и обвинителите соопштиле дека ќе пребараат „под секое дрво и камен“ за да го решат грабежот, а на случајот работат и 40 истражители.

„Зелениот трезор“ е основан во почетокот на 18 век и во својата ризница содржел околу 4.000 предмети од злато и драги камења.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.