ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/19 2:01 PM

Елизабета II оди во пензија, принцот Чарлс ќе биде крал за 18 месеци?

Синот на британската кралица Елизабета II, принцот Чарлс полека се подготвува да ја преземе круната, а на престолот официјално ќе дојде кога неговата мајка ќе наполни 95 години и ќе му ги отстапи должностите.

Британскиот „Метро“, објави дека принцот Чарлс вчера се сретнал со својот татко за да разговараат за интервјуто кое неговиот брат, принцот Ендру, го даде за медиумите по повод вмешаноста во аферата со Џефри Епстајн.

Многумина оценија дека принцот Чарлс одиграл главна улога во повлекувањето на Ендру од кралските должности и дека на тој начин се подготвува за преземање на кралската улога.

Кралицата Елизабета е монарх со најдолго владеење до сега. Стапи на должност на 6 февруари 1952 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1