ММС

Објавено на: 11/28/19 9:39 AM

Стојанче Стоилов, Бобо Дајнерс, Елиф Елмас со статуетки Маж на годината

На гала вечерта, синоќа во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2019 година.

На вториот официјален избор се избраа мажите на годината за 2019 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Мислав Галер. Првиот човек на А1 групацијата во Mакедонија ни доаѓа од Хрватска и важи за личност кој е доста приземен со џентлменски манири покрај главната награда ја освои и наградата за Маж странец во Македонија со што само го потврдува патот кон успехот кој го има зацртано.

Во категоријата Менаџер на годината за 2019 наградата ја доби Арсим Папранику, сопственик на Нептун и Skopje East Gate,  наградата Млад менаџер отиде во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ сопственици на македонскиот бренд за изработка на одела Сињори, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе генералниот директор и претставник на Gulf Македонија, Владимир Стајиќ. Маж со најголем придонес во културата беше избран пејачот со најубав глас Влатко Лозаноски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Елиф Елмас. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Енвер Малиќи сопственик на Гемак и Хотел Парк, а заменик градоначалникот на СКопје и почесен конзул на Мексико се заѓити и со наградата за Маж со трајни вредности.

Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Стојанче Стоилов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Габриел Стибел, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Божидар Јанковски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.