ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/19 1:54 PM

Французин би можел да стане најбогатиот човек во светот

Бернард Арно, сопственик на компанијата LVMH, сега има богатство од над 106 милијарди долари, според сегашната состојба на листата на магазинот Forbes.

Тој во моментов е трет најбогат човек во светот, но би можел да стане прв, благодарение на преземањето на американскиот гигант за накит Tiffany.

Арно се приближи на чекор од основачот на Microsoft, Бил Гејтс и Amazon, Џеф Безос, кои се тешки 107, односно 110 милијарди долари.

CNN Business пишува дека Арно може лесно да ги престигне двајцата и да стане најбогата личност на светот.

Неговото богатство скокна повеќе од еден процент откако LVMH постигна договор за купување на Tiffany за повеќе од 16 милијарди долари.

Арно и неговото семејство поседуваат 47 проценти од LVMH, кој вклучува брендови како Louis

Vuitton и Dior.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1