ММС

Објавено на: 11/27/19 11:16 AM

Компанијата што печати пари за 140 земји во светот пред банкрот

Третина од парите кои се во опсег во светот излегуваат од англиската компанија „Де Ла Руе“, која има околу 2.500 вработени.

Раководството на компанијата потврди дека го активирале планот за санација на работата кој не ги дал очекуваните резултати, пренесува „Анадолија“.

Во соопштението се наведува дека на компанијата и се заканува и прогласување банкрот.

Во предходните шест месеци компанијата забележала загуба од 9,2 милиона фунти (10,7 милиони евра), а долгот на компанијата во втората половина на оваа година порасна на 199 милиони евра.
Според соопштението, акциите на компанијата изгубиле 20,6 отсто вредности на берзата.

„Де Ла Руе“ е во бизнисот на печатење пари уште од 1860 година и освен пари печати и пасоши за 40 држави.

Компанијата се надевала дека до стабилизација би дошло со печатењето нови британски пасоши откако Британија ќе ја напушти Европската Унија, но го изгубиле тендерот од конкурентската куќа „Гемалто“.

Кризата во компанијата ескалирала откако Венецуела не го платила долгот од 21 милион евра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.