ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/19 5:27 PM

Фокус: Земјотресот во Албанија со моќност колку и експлозија од 60.000 тони ТНТ

Според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“, земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди денеска Албанија има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз.

Во Албанија денеска беа регистрирани неколку земјотреси. Најсилниот беше со интензитет од 6,4 по Рихтеровака скала, а последниот евидентиран беше по 14 часот, со јачина од пет, а во меѓувреме се регистрирани дури 40 земјотреси.

Според најновите податоци, 16 лица го загубиле животот во оваа природна непогода, од кои две деца.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1