ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/19 11:36 AM

Наскоро воден свет во скопската Зоолошка градина

Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

-Одамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете, соопштија денеска од Зоолошката градина во Скопје.

Моментно појаснуваат, дека се изработува проект за тој објект и се надеваат оти во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот во 2020 година Скопје ќе добие „морски свет”.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1