ММС

Објавено на: 11/25/19 9:34 AM

Бојко Борисов ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД и денеска ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во Белата куќа тие треба да разговараат за развојот на односите помеѓу двете земји, а акцент, според најавите, ќе биде ставен врз начините за зајакнување на напорите во областа на безбедноста, во контекст на НАТО и ангажманот на официјална Софија за зголемување на буџетот за одбраната, изградбата на „Турски тек“, како и терминал за добивање американски течен гас. На средбата е најавено дека ќе стане збор и за руското влијание во Бугарија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.