Претседателот на Романија, Клаус Јоханис (60), убеливо победи на вчершниот втор круг од претседателските избори. Конзервативецот освои повеќе од 63 отсто од гласовите, а доскорашната премиерка и кандидатка на социјалдемократите, Вијорка Данчила, доби нешто повеќе од 36 отсто.
По објавувањето на резултатите, Јоханис изјави дека на изборите победила модерна, европска и нормална Романија. Одѕивот на изборите бил околу околу 50 отсто.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.