ММС

Објавено на: 11/25/19 7:39 AM

Боливискиот Сенат одобри нови избори, ама без Моралес

Боливискиот Сенат одобри нови претседателски и парламентарни избори, но без доскорешниот претседател Евo Моралес, кој, по сотавката, замина во Мексико.

Текстот е едногласно усвоен од Горниот дом на парламентот, а текстот за изборите допрва треба да го усвои Долниот дом. Ако и двата дома го усвојат, треба да следи одобрувањето на привремената претседателка Хенин Анес. Текстот усвоен од Сенатот предвидува, меѓу другото, и поништување на резултатите од претседателските избори на 20 октомври, на кои Моралес прогласи победа.

Преодната влада треба да започне дијалог со демонстрантите кои се поддржувачи на Моралес со цел да се смири ситуацијата. Во немирите загинаа повеќе од 30 луѓе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.