ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/19 12:09 PM

„Исплива“ нова карта на „голема Југославија“: Тито сакал држава од Соча до Солун, од Клагенфурт до Истанбул

Кој знае каква би била судбината на Југославија ако случајно се оствареше малку познатиот план на Јосип Броз Тито, пишуваат белградски медиуми.

Повеќето и денес со носталгија се сеќаваат на СФРЈ и сметаат дека во неа се живеело побезгрижно и побезбедно, а други, пак, не се откажуваат во тврдењето дека таа била вештачка творба која со децении на сила се обидувала во заедништво да држи неспојливи народи.

Меѓутоа, кој знае каква ќе беше судбината на Југосавија ако се оствареле некои амбициозни Титови планови. Некои историчари и денес истакнуваат дека Тито сакал уште поголема и помоќна Југославија, која не би била регионална, туку и светска сила, а сигурно една од двете најголеми во Европа.

Историчарката Сабрина Рамет лани за медиумите рекла дека СФРЈ под Тито сакала да создаде интегрална Југославија, која би вклучувала региони одсоседните земји – Грција, Бугарија, Албанија, дел од австриска Корушка, како и целата италијанска провинција Фирланија – Јулиска Краина. Рамет се повикува и на изјавата на Светозар Прибичевиќ дека Југославија требало да се простира „од Соча до Солун“. Во тој систем се влучени и Бугарија и Албанија.

По Втората светска војна, Тито објави дека Југославија има право на Трст и на цела Корушка.

„Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што моравме привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ние за неа ќе се бориме“, порачуваше Тито, пренесуваат беградски медиуми.

Се појави и интересна карта што предвидувала како би изгледала СФРЈ ако се оствареле Титовите планови и тоа за два случаја: ако се остварела визијата на Маршалот за вклучување на Албанија и на делови од Романија и на Грција, вклучувајќи го и Солун; и ако Бледската спогодба помеѓу Тито и Георги Димитров ја вклучуваше и интеграцијата на Бугарија во зедницата на југословенските земји.

Авторот на необичната карта истакнува дека ако случајно комунистичката револуција во Грција успеала, а кон Југославија се приклучело и поранешното кнежество Влашка, денес историска покраина на Романија, би се случило тоа неверојатно сценарио – Југославија од Клагенфурт до Истанбул!


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1