– ММС
Вести Македонија Свет Сообраќаен Сервис

Автопатот „Арбен Џафери” утре ќе биде затворен за сообраќај

Косовското Министерство за инфраструктура и транспорт објави дека утре, 23 ноември, од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од автопатот „Арбен Џафери” кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Автопатот на сегментот Коњух – Бабуш, меѓу Урошевац и Приштина, ќе се затвори поради поставување метална конструкција за надвозник за пешаци.

Во споменатиот период возилата ќе бидат пренасочувани на националниот пат Приштина – Генерал Јанковиќ.

Лограње

X

Регистрација