Мечки колат стада овци на западот на Србија, луѓето во страв се затвораат дома
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/19 11:58 AM

Мечки колат стада овци на западот на Србија, луѓето во страв се затвораат дома

Мечките повторно сеат паника околу Увац. Во селата низводно од браната на Радоинското Езеро кај Нова Варош во последните некоку месеци тие заклале околу 40 овци и кози, па луѓето се во голем страв, пишуваат српски медиуми.

И куќите се затворале по првиот мрак и никој не излегувал без неопходна потреба. Штети трпат и селските стопанства.

„Мене мечка ми закла пет овци, а уште една рани, но успеа да прежиее. Стадото во трлото покрај мојата куќа го нападна на самрак. На соседите Радомир и Радојка им закла по четири, а на Слободан Жуниќ една овца. Мечка уби и овца и овен на Мирољуб Младеновиќ, а мечки направија колеж и во други стада“, раскажува Миланко Миниќ од Клак.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7