ММС

Објавено на: 11/21/19 11:55 AM

Индија и Мароко ќе купуваат оружје од САД во вредност од 5,5 милијарди долари

Американскиот Стејт департмент одобрил продажба на оружје на Мароко во вредност од 4,25 милијарди долари и на Индија во вредност од 1,2 милијарди.

Индија треба да купи 13 парчиња морнаричко оружје од типот МК-45 со соодветна опрема. Се нагласува дека за оваа продажба е известен и американскиот Конгрес, кој има право на приговор во рок од 30 дена.

Стејт департментот одборил продажба на 36 хеликоптери од типот АХ-64Е „апач“ со ракети на Мароко, во вкупна вредност од 4,25 милијарди долари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.