ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/19 7:43 PM

Снаодливост за пушење во јавен објект во Грција (видео)

На видеото може да се забалежи како човек во јавен локал се обидува да ја заобиколи забраната за пушење во јавни локали на свој креативен начин.

Вчера, грчката влада го презентираше акциониот план за формирање на непушачка култура, почитување на непушачите како и грижа и поддршка на пушачите за откажување и заштита на здравјето на граѓаните.

Казните за оние кои нема да го почитуваат законот се особено високи, како за пушачите така и за сопствениците на кафулиња, ресторани, клубови и слично. За физички лица се од 100 до 1500 евра во зависност од прекршокот, а за сопствениците од 500 до 10 000 евра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7