– ММС
Вести Свет

Поранешниот министер за одбрана на Шри Ланка победи на тамошните претседателски избори

Опозицискиот кандидат и поранешен министер за одбрана на Шри Ланка, Готобаја Раџапакса е прогласен за победник на вчерашните претседателски избори. Се очекува Раџапакса утре да положи свечена заклетва во древен будистички храм.

Во првата изјава по победата над кандидатот на владејачката партија Саџит Премадаса, кој е министер за домување во актуелната влада, Раџапакса порача дека ќе биде водач на сите граѓани во земјата, сите 22 милиони, без разлика на нивниот етнички и верски идентитет.

Според Централната изборна комисија, тој освоил 52,25 отсто од гласовите наспроти неговиот политички ривал, кој доби 41,99 отсто.

Седумдесетгодишниот Раџапакса е помлад брат на поранешниот претседател, Махинда Раџипакса, кој беше на власт од 2005 до 2015 година.

Лограње

X

Регистрација