– ММС
Uncategorized Вести Македонија

Продолжуваат препукувањата во кавадаречкиот совет

Политичките бранувања во советот на општина Кавадарци продолжуваат по напуштањето на последната седница од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги обвини советниците дека ја напуштиле седницата, поради партиски интереси, бидејќи не сакале да работат за доброто на граѓаните.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак образложуваат дека напуштањето на седницата било поради непринципиелно, недемократско и некоректно одесување на мнозинството, предвоено од претседателот, кој во два наврати ја почнал седницата без нивно присуство.

„Изигрувањето на законите е редовна пракса на СДСМ. Законски и Уставно не смеат да започнат седница надвор од процедурите. СДСМ на секој можен начин за свој личен партиски интерес се обидува да го изигра законот и волјата на граѓаните. Ние како советничката група предводена од ВМРО- ДПМНЕ сме во Советот да ги штитиме интересите на граѓаните, а не пазарите помеѓу политичарите и политичките пазари.  Се шпекулира дека одредени позиции во општината се предвидени за одредени личности, како на пример се шпекулира за сопруга на актуелен пратеник, со новата систематизација на локалната самоуправа да биде поставена на раководна функција во еден од секторите. Градоначалникот Јанчев може колку сака да се обидува да го обвинува Советот или ВМРО-ДПМНЕ затоа што им го нарушивме политичкиот пазар со СДСМ и одредени истрошени политичари, но немаме намера да одиме против волјата на граѓаните.  Јанчев секогаш ќе ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за проекти кои се за добро на граѓаните, но во ниту еден момент нема да го поддржиме за негов личен пазар, затоа што нас принципите ни се најважни и така ќе остане и во иднина“, вели Тоно Нешковски, координатор на советничката група. Според него, советот секогаш ќе биде коректор на градоначалникот и неговите погрешни политики и одлуки.

Од СДСМ велат дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ како и во многу наврати наместо да го избереле  доброто за граѓаните, и да отвореле  дебата за решавање проблемите на граѓаните, тие како приоритет го избирале доброто на партијата“ вели портпаролот на ОО на СДСМ Кавадарци, Сашко Петров.

„Тие ја избраа наредбата издадена од страна на нивниот лидер Христијан Мицковски, за опструирање на политиките предложени од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци, со што ја покажаа својата неодговорност, својата непрофесионалност, и ја напуштија седницата на Совет без аргументирано образложение.  На вчерашната седница Советниците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа за Реконструкција на водоводна линија и атмосферска канализација во село Сопот, вредна 20 000 000 денари“ , вели Петров и побара советниците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од паушалот бидејќи не биле присутни на седницата.

Петров ги праша советниците и како ќе се појавеле пред граѓаните за изброрната кампања за да ја побараат нивната поддршка.

Напуштањето на седницата го критикуваше и градоначалникот Митко Јанчев кој посочи дека советниците од неговата партија се однесувале по принципот „Те канат на свадба, а ти прашуваш со кого ќе седам“. Тој информира и дека тие биле против да застанат со него и советниците од СДСМ на прес конференцијата на која се даваше отчет за сработеното во двете години од мандатот.

 

Ангел Данов

Лограње

X

Регистрација