– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Превентивна акција на СВР-Битола и Црвен Крст за безбеден сообраќај во зимски услови

Отсекот за превенција при СВР-Битола и општинската организација на Црвен Крст денес на битолчани им поделија летоци со совети за безбеден сообраќај во зимски услови.

„Превентивните акции ќе се одвиваат секојдневно затоа што во сила е законската обврска зазадолжителна зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март“, истакна Сања Стаматова, портпаролка на СВР-Битола.

„Во тек е законската обврска за задолжителна зимска опрема за секое моторно возило. Нашата цел е да им помогнеме на учесниците во сообраќајот, на возачите и пешаците, и во соработка со Црвен Крст изработивме леток во кој се посочени совети за возење во зимски услови. Во летокот се нагласени сите обврски на возачите и совети за пешаците кои како најранлива категорија треба да бидат заштитени, но и тие треба да ги почитуваат сообраќајните правила при преминување на улица и да внимаваат на лизгав коловоз“, изјави Стаматова за време на денешната акција во Битола.

Лограње

X

Регистрација