ММС

Како бебе, мајка му го фрлила во контејнер, а денес има компанија вредна 62 милиона долара

Фреди Фигерс (30) во моментот има фирма вредна 62 милиона евра што ја основал уште додека бил тинејџер. Освет тоа, сопственик е и на четири патенти, а технологијата му е предизвик уште од дете.

Но, како бебе за малку ќе завршел трагично во контејнер. Роден е во Квинси на Флорида (САД), а мајка му, веднаш по породувањето, го оставила во контејнер. Кога имал само два дена, го вдомиле Нејтан и Бети Фигерс.

Компанија на Фреди се вика „Фигерс комуникации“, а тој со технологија се занимава уште од девет години, кога го добил првиот компјутер што сам го поправил. Со 12 одини веќе бил компјутерски техничар, а три години подоцна основал своја фирма. Кога на човекот што го усвоил му бил дијагностоцирана ацхајмерова болест, Фреди му направил патики со вграден ЏПС-сигнал и можност за двонасочна комуникација. Програмата потоа и’ ја продал на фирма од Канзас за 2,2 милиона долари. Тие пари потоа ги вложил за да ја направи „Фигерс комуникации“, денеска најголема телекомуникациска фирма во сопственост на еден Афроамериканец.

Тој, како што пишуваат американски медиуми, бил и хуман човек – спонзорирал програми за млади, давал стипендии на уеници и на студенти, плаќал сметки на пензионери…