ММС

Ахмети свика седница на претседателството на партијата

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети свика седница на Централното претседателство на партијата. Седницата ќе се одржи денеска со почеток во 15:00 часот во партиското седиште во Тетово.
На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на Демократската Унија за Интеграција, како и за предвремените парламентарни избори догодина.