ММС

Објавено на: 11/14/19 4:47 PM

Гостиварските советници ја усвоија Развојната програма за идната година

По 2 часа дебата и политички препирања, Советот на општина Гостивар на денешната седница едногласно ја усвои Развојната програма за 2020-та година. Програмата, како што сметаат од администрацијата и советничките групи на мнозиството, е изработена според барањата и потребите на граѓаните. Советниците на опозицикјата пак со критики за усвоената програма

 „Би сакал градоначалникот да е присутен на седницата кога се дискутира за ваква важна работа, но гледаме дека го нема. Развојната програма ви е иста, скоро како и минатата година, ги содржи истите проекти, тие беа предложени и лани и тоа значи дека не сте успеале да ги реализирате. Нашата советничка група, како и минатата година ќе ја поддржи Програмата, но даваме до знаење дека оваа власт две години се занимава само со нас, наместо да ги реализира проектите кои ги бараат граѓаните.  Градоначалникот на фејсбук промовира некои проекти, а на терен не се гледа ништо“, изјава Шптим Џелили, советник од ДУИ.

На ваквите обвинувања пристигна одговор од Канцеларијата за локален економски развој во општината.

Равојната програма не е ни на администрацијата, ни на градоначалникот, туку е продукт на граѓаните. Ние излегувавме на терен да ги сослушаме потребите и барањата на граѓаните, па се правеа финансиски проценки и оценки, за да може да се конкретизираат проектите. А колку општината работи, ќе се види на крајот од годината кога ќе имаме извештај за реализацијата на буџетот, се` друго што ќе се каже е само паушално“, истакна Бесим Догани од канцеларија за ЛЕР.

Програма содржи околу деведесет проекти за изградба и реконструкции на патната инфраструктура, водоводи и канализации, а предвидува и реновирања во речиси сите училишта.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.