– ММС
Вести Свет

На светскиот ден на добрината, хуманиот чичко Зоран на децата болни од рак им подари викендичка

Хуман човек од Србија одлучил да го прослави денот на добрината на малку поразличен начин. Зоран Коциќ од Нови Сад им ја подарил својата викендичка од сто квадратни метри на децата кои се лечат од рак.

„Намерата на Зоран е неговата викендичка да биде оаза на мирот и задравувањето на децата по нивното лечење. Добрина е голем збор, а чичко Зоран е голем човек кој се води од реченицата ‘наше е само она што им го даваме на другите’“, наведоа од националното Здружение на родители на деца заболени од рак на Србија, додавајќи дека сега им претстои средување на куќата и градината.

„Прво на помош се јавија ЈКП ‘Градско зеленило’ од Нови Сад, кое овие денови ќе ја среди градината на викендичката, а потоа ние ќе продолжиме со работата. Ве повикуваме сите да ни’ помогнете се’ со цел куќата да биде побрзо достапна за децата кои се опоравуваат од малигните болести“,стои во објавата на здружението.

Лограње

X

Регистрација