– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Единаесет сообраќајки во Скопје, исто толку повредени лица

Единаесет лица се повредени во вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три од нив е причинета материјална штета.

СВР Скопје во денешниот билтен информира дека се санкционирани девет возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 15 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Сакнционирани се и 25 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и осум возачи за неносење на сигурносен појас.

Сообраќајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 70 возила.

Лограње

X

Регистрација