ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/19 3:07 PM

Кинезите надвор од банкарското кредитирање ја финансираа економијата со 31 милијарди долари

Вкупното финансирање на кинеската реална економија (TSF) надвор од конвенционалното банкарско кредитирање на крајот на октомври изнесуваше 219,6 трилиони јуани (31.400 милијарди долари), што е за 10,7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, објави денеска Централната банка на Кина.

Под TSF се подразбира вонбилансни облици на финансирање како што се иницијални јавни понуди, корпоративни заеми или продажба на обврзници.

Во октомври, нивото на TSF нагло се спуштило на 618,9 милијарди јуани од 2,270 милијарди јуани во септември.

Аналитичарите кои ги анкетираше Reuters предвидуваат дека нивото на TSF во октомври ќе изнесува 1.000 милијарди јуани.

Извор: denar.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1