ММС

Објавено на: 11/11/19 7:30 AM

Боливискиот претседател Моралес поднесе оставка

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, соопшти дека дава оставка. Веднаш по него, оставка поднесе и неговиот потпретседател, Алваро Марсело Гарсија Линера.

Вчера шефот на армијата, генералот Вилијамс Калиман, го повика Моралес да се повлече.

Претходно вчера Моралес најави предвремени избори, попуштајќи пред зголемениот притисок во врска со спорните резултати од изборите на 20 октомври.

Во Боливија се одржуваа масовни протести чиј повод беше спорниот реизбор на Моралес минатиот месец.Во неделата меѓународните набљудувачи повикаа на поништување на изборните резултати.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1