– ММС
Вести Македонија

Во Најроби на Меѓународна конференција на Фондот за население на ОН ќе учествува и македонска делгација

Во Најроби од 12 до 14 ноември ќе се одржи самит на Фондот за население на ОН (УНФПА) на кој ќе учествува и делегација од нашата држава, јави МИА.

Универзален пристап до сексуалното и репродуктивното здравје, финансирање на Акциската програма на Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД), демографски диверзитет со цел економски развој, елиминирање на родово базирано насилство и штетни пракси, како и право на сексуално и репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи, се петте приоритетни области за кои ќе се расправа на претстојниот Самит.

Фокус на конференцијата ќе биде ставен на реафирмација на заложби од агендата на Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПДи да се забрза спроведувањето на нивната Акциска програма. На форумот ќе се одбележи 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој одржана во 1994 година во Каиро.

Македонија беше една од државите, потпретседавачи на Конференцијата во Каиро пред 25 години, заедно со Романија и Унгарија од регионот на Источна Европа.

На Самитот во Најроби, нашата делегацијата поддржана од УНФПА ќе учествува со 12 члена од различни министерства, институции, асоцијации и граѓански здруженија, меѓу кои сопругата на претседателот, високи претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, парламентарци, претставници на стручни асоцијации, на граѓански здруженија, на младите, како и на медиуми.

Светот посветено ги засилува напорите за постигнување на Одржливите развојни цели до 2030 година (Агенда 2030 на Обединетите нации) и постојано се повикува на ИЦПД, бидејќи тоа е суштината на постигнување на тие цели, изјави во интервјуто за МИА шефицата на канцеларијата на УНФПА во Македонија, Афродита Шаља.

На самитот кој нема да биде класичен настан на ОН, македонските претставници ќе учествуваат активно на  пленарни седници на високо ниво, во работилници, тркалезни маси, изложби и настани од областа на културата.

Идејата е да се соберат претставници со различни перспективи да изнајдат заедничка основа што ќе резултира со решенија што ќе ги рефлектираат заедничките вредности, додаде Шаља.

Самитот се очекува да биде платформа каде што владите и другите организации ќе ги објават своите доброволни, национални, регионални и глобални заложби, вклучително и финансиски, за забрзување на процесот на развој. Тука ќе се вклучат и иновативните финансиски модели од владите, меѓународните финансиски институции, како и приватниот сектор, неопходни за остварување на целите за одржлив развој до 2030, а со тоа и Акциската програма на ИЦПД.

Лограње

X

Регистрација